ГЛОБАЛ НЕТ донесе одлука за организација на работа со .мк домените 01/04/2014.
Согласно потпишаниот договор за пренесеување на правото на регистрација на домени со МАРНЕТ, ГЛОБАЛ НЕТ ги донесе следните правила за работа со домените :
- ГЛОБАЛ НЕТ обезбедува регистрација и продолжување на следните домени :
- edu.mk
- org.mk
- com.mk
- net.mk
- inf.mk
- Право да регистрираат секундарен домен во примарниот .mk домен имаат сите физички и правни лица.
- Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен edu.mk имаат: образовни и научноистражувачки установи, странски образовни организаци кои имаат дозвола за вршење образовна и научноистражувачка дејност и сл.
- Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен org.mk имаат: непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации, политички партии, синдикати, јавни здравствени установи, фондови и друго, странски амбасади, непрофитни странски организаци на кои со меѓународен договор или согласно со закон им е допуштено да вршат непрофитна дејност.
- Право да регистрираат терцијарен домен во секундарниот домен com.mk, net.mk и inf.mk имаат: трговски друштва, физички лица регистрирани за самостојно вршење дејност, лица со јавни овластувања, комори, задруги, финансиски организации, правни лица и физички лица регистрирани за вршење на стопанска дејност.
- Пре регистрација на домен, сите клиенти е потребно да се најават на посебниот систем за нарачки каде што се евидентираат потребните податоци.
- ГЛОБАЛ НЕТ ќе ги провери податоците и ќе направи регистрација само доколку нарачката е валидна и уредно платена профактурата.
- Плаќањето може да се направи преку системот за наплата со картички преку ХАЛКБАНКА или со плаќање на профактура во банките во Р. Македонија
- За секоја уплата, ГЛОБАЛ НЕТ издава фактура согласно издадените податоци
- ГЛОБАЛ НЕТ заради грижата за своите корисници ќе им посочи предностите за давање на точни податови и последиците од регистрација на домени со погрешни податоци.
- ГЛОБАЛ НЕТ на својата веб страна ги има објавено правилата за користење на услугите како и линк до правилникот на МАРНЕТ
- Промената на податоците во регистерот на МАРНЕТ не е автоматска
- Промената на податовите се прави согласно правилникот и преку испраќање на соодветна порака до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или преку системот за нарачки на ГЛОБАЛ НЕТ
- Промената на податоците се прави во рок од 24 часа
- Итните промени може да се направат со телефонски повик во работно време или емаил порака вон работно време
- Сите права и обврски на регистрантите се согласно важечкиот правилник на МАРНЕТ
- Сите клиенти имаат право да побараат ЕПП код во било кое време